Абдулазиз Азизи и Лука Ананиев освоија бронзени медали на Европското првенство У15 во борење

Македонскиот млад борач Лука Ананиев донесе бронза за нашата земја на Европското првенство за натпреварувачи до 15 години во Самоков, Бугарија.

Во борбата за бронзениот медал во категоријата до 48 килограми, Ананиев славеше победа против О. Думан од Франција со 5:3.

Со бронза се закити и Абдулазиз Азизи кој во категоријата до 62 кг., триумфираше против Тибор Наџи од Романија.

Тоа е и првиот европски медал во историјата на боречкиот клуб Шкупи чиј член е Азизи. Овој резултат е плод на неговата напорна работа, дисциплина и долгогодишна посветеност.

Клубот упатува честитки до Азизи за овој историски успех, како и до тренерите Јасин Реџалари, Буњамин Ебипи, Ирфан Реџалари и Убејд Фуга за нивната работа и придонес во овој голем резултат.

Пронајдете не на следниве мрежи: