Авантурата наречена Red Bull Can You Make It? 2024 е во полн ек!

На 21 мај, од две различни европски метрополи, Амстердам и Барселона, тимовите “Rodeo” и “Fake It Till You Make It”, македонските претставници на Red Bull Can You Make It 2024 го стартуваа своето животно патување и до 28 мај ќе се обидат да стигнат до крајната цел – Берлин без новчаник и мобилен, користејќи ја единствено Red Bull лименката како валута.

Но тоа не е сѐ! Петар, Марко и Павел, екипажот на тимот Rodeo” и Ирис, Клаудиa и Мелани, членови на тимот Fake It Till You Make It”, ќе мораат да посетат минимум 6 контролни пунктови, распределени во различни европски градови, поделени во две категории: Checkpoint Challenges и Adventure Challenges, затоа што овие предизвици носат бодови, а победник е оној тим кој ќе собере најмногу бодови, а не оној кој ќе стигне прв до крајната цел.

За подобро, појасно и подетално разбирање на концептот на Red Bull Can You Make It?, македонскиот дописник на Red Bull, директно од централата на Red Bull Can You Make It? во Берлин, ни сподели неколку интересни моменти и предизвици со кои се соочија двата тима кои изминативе денови се дел од Топ 25 рангирани тимови.

Еве што се случуваше последниве два дена во таборот на тимот “Rodeo”.

Тимот “Rodeo” ја стартуваше Red Bull Can You Make It? авантурата од Амстердам, Холандија каде не се задржаа повеќе од неколку часа. Од таму се упатија накај Ротердам каде го имаа првиот предизвик – спуштање од висока зграда (колку може да е висока во Холандија) со јажиња за карпа. Следната дестинација, по грешка, им беше патување со автобус до Брисел, а мислејќи дека е за Антверп во Белгија. Во Брисел тимот успеа да смени Red Bull лименки за 2 Big Mac оброци и 4 Cheesburger-и од McDonald’s и воедно добија покана да преспијат кај другарот што им го купил оброкoт. После добриот одмор, тргнаа кон следната дестинација за тим “Rodeo” за која повеќе моѓете да дознета на официјалната веб страна на Red Bull Can You Make It?

А, еве што се случуваше со вториот македонски тим – “Fake It Till You Make It!”.

Го стартуваа патувањето од Барселона, Шпанија и после 3-4 часа барајќи некој да им купи карта за Марсеј, Франција конечно најдоа една жена што во замена за една Red Bull лименка им купи три автобуски карти за Марсеј. Планот бил да се спие во автобус, но девојките не успеа во реализација на истиот. Откако стигнале во Марсеј, прва работа која ја направиле е отишле до хотел каде во замена за 3 Red Bull лименки и една Red Bull капа добиле соба каде одмориле неколку часа.

После одморот, следно на агендата беше првиот предизвик во Марсеј – рачно правење на сапун + уште неколку интересни предизвици, како шишање и слично. Следната дестинација за тимот “Fake It Till You Make It” можете да ја најдете на официјалната веб страна на Red Bull Can You Make It?

Македонските тимови и нивните предизвици, промени во генералниот пласман и останатите адреналински настани можат да се следат ексклузивно на официјалната веб страна на Red Bull Can You Make It? 

Пронајдете не на следниве мрежи: