Авантурите на едно посвоено куче што се плаши да пешачи

Тофу е посвоено куче што е многу истрауматизирано и помалку активно од останатите животни. Тоа многу често одбива да оди и секогаш легнува на меки предмети како што се кревети, каучи или ќебиња. Ваквото однесување е сосема типично за мачките, но не и за кучињата. Кога ќе излезе надвор, на Тофу ѝ треба малку време за да процесира сè околу себе и набрзо потоа станува многу исплашена. Таа не сака прошетки и постојано ја носат в раце како да е бебе. Тофу најчесто одбива да пешачи и сака да остане дома каде што е безбедно или пак, сака да ја носат в раце, повторно каде што се чувствува безбедно. На фотографиите ќе погледнете колку се чувствува опуштено додека е во рацете на својот сопственик.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.