четврток, 12 ноември 2026
Најново

Авиокомпаниите добија барање од Франција: „Намалете го бројот на летови“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Француската агенција за цивилно воздухопловство соопшти дека побарала од авиокомпаниите да го намалат бројот на летови на париските аеродроми за 25 проценти на 3 јули, по известувањето за штрајк на контролорите на летање.Агенцијата во соопштението наведува дека исто така побарала од авиокомпаниите да го намалат бројот на летови од Ница, Бастија и Калви за 50 проценти и од Лион, Марсеј, Монпелје, Ајачо и Фигари за 30 проценти, објави Ројтерс.„И покрај овие превентивни мерки, се очекуваат прекини и значителни доцнења на сите француски аеродроми“, објави агенцијата.Додадено е дека патниците треба да ги променат своите летови доколку се во можност.

Поврзани вести