четврток, 26 ноември 2026
Најново

Авиони не може да слетаат во Скопје, еден од нив цел час кружел пред да биде пренасочен – ова е причината

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Попладнево повторно има сериозни нарушувања во авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје.

Поради влошените метеоролошки услови, односно поради опасен метеоролошки феномен познат како „смикување на ветерот“ (wind shear), кој претставува сериозен ризик при слетување, неколку авиолинии беа пренасочени кон соседните држави.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според првичните информации, летовите од Истанбул и Венеција не успеале безбедно да пријдат кон скопската писта и истите се упатиле кон Приштина.

Особено драматична била ситуацијата со авионот од Венеција, кој повеќе од еден час кружел над Скопје пред да биде пренасочен.

Поврзани вести