петок, 27 ноември 2026
Најново

Авионот на американскиот министер за одбрана изврши принудно слетување

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Авионот во кој патуваше американскиот воен секретар Пит Хегсет изврши непланирано слетување во Обединетото Кралство поради пукнатина на шофершајбната на авионот, соопшти Пентагон.„Авионот слета во согласност со стандардните процедури и сите во авионот, вклучувајќи го и секретарот Хегсет, се безбедни“, изјави портпаролот на Пентагон , Шон Парнел, во објава на X.Хегсет се враќаше од Брисел , каде што денес се сретна со министрите за одбрана на НАТО.Ова не е прв пат американските воени авиони што превезуваат високи функционери да имаат проблеми.Порано оваа година, авион на американските воздухопловни сили што го превезуваше државниот секретар Марко Рубио во Минхен беше принуден да се врати во Вашингтон откако имаше механички проблеми.

Поврзани вести