„Гугл“ објави дека планира да изгради оптички кабел кој ќе оди од Африка до Австралија.Овој кабел ќе се вика Умоја (свахили збор за „единство“) и ќе започнува во Кенија, ќе поминува низ Уганда, Руанда, Демократска Република Конго, Замбија, Зимбабве и Јужна Африка, па сè до Индискиот Океан.Од „Гугл“ велат дека проектот е дизајниран да ја „зголеми дигиталната поврзаност, да го забрза економскиот раст и да ја продлабочи отпорноста низ Африка“.Покрај самиот кабел, компанијата вели дека ќе работи со кениската влада за зајакнување на сајбер безбедноста, иновациите водени од податоци, дигиталното зајакнување и одговорното и безбедно користење на вештачката интелигенција.
Пронајдете не на следниве мрежи: