АВТОБУС ПОЛН СО ПАТНИЦИ ПАДНАЛ ОД МОСТ ПРАВО ВО РЕКА: „Драматична снимка од Санкт Петербург, итните служби ги извлекуваат жртвите“ (ВИДЕО)

Во Санкт Петербург автобус со луѓе паднал од мостот Поцелуев во реката Мојка, соопшти прес-службата на регионалниот штаб на руското Министерство за внатрешни работи.„Денеска околу еден часот попладне во полиција е пријавено дека патнички автобус паднал од мостот во реката Мојка на улицата Болшаја Морска, во моментот на итната помош во возилото имало 15 лица, “, се наведува во извештајот.Судејќи според видеото што го обезбеди изворот на РИА Новости, возачот на автобусот изгубил контрола, удрил во неколку автомобили и паднал од мостот.Како што објасни гувернерот на градот, Александар Беглов, на настраданите им е укажана итна помош. На лице место работат спасувачи, итните служби, како и вработени во градската управа и здравствениот одбор.Обвинителството на Санкт Петербург го следи расветлувањето на сите околности на инцидентот.Според РИА Новости, од 15-те патници во автобусот, четворица се мртви, додека уште четворица се борат за живот.Видеото може да го погледнете ТУКА.

Пронајдете не на следниве мрежи: