АВТОМАТ КЛУБОВИТЕ АДМИРАЛ ДОНИРАА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ВО ВРЕДНОСТ ОД 20.000 ЕВРА НА ОПШТА БОЛНИЦА ВО ГОСТИВАР

ПРОДОЛЖУВА ХУМАНИТАРНАTA АКЦИЈА НА ГРУПАЦИЈАТА НОВОМАТИК ВО МАКЕДОНИЈА

АВТОМАТ КЛУБОВИТЕ АДМИРАЛ ДОНИРАА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ВО ВРЕДНОСТ ОД 20.000 ЕВРА НА ОПШТА БОЛНИЦА ВО ГОСТИВАР

ЈЗУ Општа болница во Гостивар доби донација со болнички кревети во износ од 20.000,00 евра од страна на автомат клубовите„Адмирал“. Оваа донација е дел од хуманитарната акција на компаниите членки на Групацијата НОВОМАТИК во Македонија, посветена на здравствените установи во нашата држава.

Автомат клубовите „Адмирал“ донираа 10 електронски болнички кревети кои исполнуваат високи европски стандарди, сé со цел здравствените работници и здравствениот систем полесно да се справат со ударот од последиците на болеста предизвикана од вирусот COVID-19.

Од компанијата веруваат дека  се потребни токму вакви таргетирани акции, сé со цел обезбедување на потребите на институциите кои се во првите редови во борба против оваа здравствена криза.

Компаниите членки наГрупацијата НОВОМАТИК во Македонија (Адмирал, Астра и Казино Фламинго Хотел) уште на почетокот на пандемијата од вирусот COVID-19 ја препознаа потребата за заедништво и несебично помогнаа на државните институции кон полесно справување со овој предизвик.

Со почит,

АВТОМАТ КЛУБОВИ „АДМИРАЛ“

ГРУПАЦИЈА НОВОМАТИК ВО МАКЕДОНИЈА

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.