Автомобил излета од автопатот Куманово-Скопје, тешко повреден возачот

На 14.05.2026 околу 11:00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во атар на с.Агино село, кумановско, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(43) од Куманово, излетало од патот и се превртело, информира МВР.

Во несреќата, возачот Г.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Пронајдете не на следниве мрежи: