Автомобил удри во американска новинарка среде јавување во живо

Телевизиската репортерка Тори Јоргеј беше удрена од автомобил додека известуваше во живо за WSAZ, подружница на NBC во Хантингтон, Западна Вирџинија.
Во моментот на инцидентот таа известуваше во живо и зборуваше за дефект на главниот цевковод што следел по силниот дожд.
Јоргеј разговараше со водителот за дождливото време и проблемите со водоводот кога ја удри автомобил.
Сè се случи на малите екрани, пред очите на гледачите.
За среќа, Јоргеј брзо стана.
„Само што ме удри автомобил, но добро сум“, рече таа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.