Воопшто не ми се допаѓа состојбата со судството. Постојат проблеми со владеењето на правото кои не се адресираат. Сакам да видам помалку зборување, а повеќе дејствување во рамки на судството, вели американската амбасадорка Анџела Агелер во интервју за телевизија 21.
– Политичарите зборуваат за многу работи – тоа е дел од нивната улога, но на крајот кога се гледаат резултатите, се заклучува дека има застој, вели Агелер.
Вели дека премиерот како претседател на Влада има политичка одговорност да обезбеди функционален систем, но не и да избира обвинители.
Агелер вели дека ја охрабрило неодамнешното апсење за злоупотребите со ИПАРД средствата, но вели дека одговорноста не е само на една личност. – Сигурни сме дека се вмешани и други лица, вели Агелер.
Според американската амбасадорка, институциите треба да бидат двигателот на реформите, а не политичките препукувања.


