Агентот на Кивиор објаснува како Арсенал ги победи Јуве, Милан и Наполи во трката по неговиот клиент

Агентот на Јакуб Кивиор, Саша Баранов објаснува како Арсенал ги победи Јувентус, Милан и Наполи во трката по потписот на неговиот клиент.

Во јануарскиот преоден рок полскиот дефанзивец, Јакуб Кивиор од Специја се пресели во Арсенал за сума од 25 милиони евра плус бонуси. Покрај Арсенал, интерес за него имало и од Јуве, Милан и Наполи.

„Сите големи италијански клубови, со исклучок на Интер, покажаа интерес. Тука се Наполи, Милан и Јувентус“, вели агентот Баранов.

Пронајдете не на следниве мрежи: