Адвокатот потврди: Мијалков е заразен со коронавирус

Поранешниот директор на УБК и обвинет во неколку случаи на поранешното Специјално јавно обвинителство, Сашо Мијалков е позитивен на Ковид-19.
Неговиот адвокат Љупчо Шврговски потврди дека на Мијалков му било соопштено дека неговиот тест е позитивен, но се уште немал добиено решение.
Мијалков кој од вчера има покачена телесна температура се заразил од неговата сопруга Александра.
Шврговски вели дека тие како негови адвокати иако контактирале со него нема да одат во изолација бидејќи комуницирале на дистанца, а Мијалков постојано носел маска.
-Тој беше особено внимателен постојано одржуваше дистанца и носеше маска, мислам дека нема да има потреба да одиме во изолација, вели Шврговски.
Судењето за Таргет Тврдина утринава се одложи откако обвинетиот Сашо Мијалков пројавил симптоми на коронавирусот, а на денешото рочиште беше предвидено да сведочи министерот за правда Бојан Маричиќ

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.