Аделина Тахири се разголе на студот: Голо стомаче и танга на снегот

Надвор е „камен“ студено, па од дома не излегуваме без своето капче, капут, зимски ракавици…или ако сме дома го пиеме топлото чајче.
Некои од македонските јавни личности го искористија слободното време и стартатот на годината за да заминат некаде на зимување за да уживаат на снегот. И да, и за таму ја подготвија зимската опрема, од облека до скии кои ќе ги искористат на тазе паднатата снежна покривка.
И додека ние се топлиме и се чуваме од времето, пејачката Аделина Тахири повторно ги руши табуата и прави исклучок.


Додека пред некој ден Миа Костова и Елена Стефановска ги видовме облечени во дебели џемпери, јакни со капи и шалови, Тахири повторно беше поразлична од другите.
Имено, пејачката периодов ужива на зимски одмор, но ниските температури не и прават проблем да се соблече и да го покаже голото стомаче.
Таа на социјалните мрежи објави фотографија на која позира во снегот, но фокусот е на нејзиното голо стомаче и облините, а под зимската опрема јасно се гледаат и танга гаќичките на пејачката. Сигурно многумина брзо го свртеле погледот на она што се наоѓа под дебелата јакна, а пејачката баш и има со што да се пофали.
Фотографијата за краток период собра повеќе од 10 000 лајкови, а под неа се нижеа само позитивни коментари на сметка на нејзиниот изглед, виножитото над брегот и зимската еротска идила на снегот.
Аделина Тахири уште еднаш го покажа своето вито тело, како и дел од својата интима, па потврди дека, за неа нема зима! На ниту едно поле!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.