Генералниот секретар на Антикорупциската комисија Адем Чучуљ е предложен од Комисијата за прашања на изборите и именувањата за претседател на оваа Комисија.
Тој доби најмногу бодови од сите кандидати кои беа интервјуирани од страна на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
Според Комисијата за селекција на кандидатите, Чучуљ покажал „значајно искуство во спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и јасна визија и конкретен план за работата и развојот на ДКСК“.
Пленарната седница на која треба да се гласа за оваа Предлог-одлука треба да се одржи на почетокот на декември.
Од 13 кандидати кои аплицираа на конкурсот на Собранието за избор на нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), селектирани беа 10, а интервјуата со нив започнаа во вторникот. Антикорупциската комисија остана без претседател откако доскорешната претседателка Татјана Димитровска поднесе оставка откако беше осомничена во врска со случајот Адитив.


