четврток, 12 ноември 2026
Најново

Аеродромци се дигнаа – Стоп за Вардариште предводеше река луѓе на вечерашниот протест

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На вечерашниот протест што почна во 18 часот, кај мостот „Киро Глигоров“ меѓу Општина Аеродром и Општина Гази Баба, се собраа река луѓе, кои маршираа до пред зградата на општината Аеродором.

Повторно, Возрасни, деца, стари и млади застанаа рамо до рамо да им порачаат на надлежните дека не чекаат до избори за решение за Вардариште. Неформалната депонија, онаа која не се користи веќе 30 години организирано, е узурпирана од неформални собирачи и препродавачи на отпад, а кога одвреме навреме ќе се запали, најмногу страдаат жителите на Ново Лисиче и Аеродром, кои веќе две недели се собираат и ја блокираат крстосницата кај мостот.  Доселените  50 на семејства од ромска националност горат кабли за да препорадаваат бакар а страдаат и Ново Лисиче и Аеродором и никој со години тоа не го решава.
Денеска, првпат крстосницата беше блокирана и во 7.30 часот утрото, што предизвика застој во сообраќајот, па низ Аеродром до Центар се патуваше и по еден час.

„Сакаме воздух!“ и вечерва се извикуваше на масовниот протест. Со транспаренти, со пораки до надлежните и со свирчиња повикуваа да бидат слушнати, за да престане труењето од оваа депонија.
Повторно порачаа дека не е важно кој е на власт, туку сакаат да се понуди решение и Вардариште да се исчисти.

Поврзани вести