Академијата за јавна администрација ќе биде клуч за професионализацијата на јавната служба

Министерството за правда го поддржува воспоставувањето на Академијата за обука и усовршување на административните службеници, нова институција која ќе овозможи континуирана едукација и професионален развој на вработените во јавниот сектор.Академијата претставува клучен чекор во создавањето на современ, професионален и компетентен јавен сектор кој ќе одговара на европските стандарди на ефикасност, транспарентност и отчетност. Со нејзиното воспоставување се поставуваат темелите за систематско, континуирано и квалитетно стручно усовршување на административните службеници, што ќе придонесе за подобри услуги за граѓаните и поголема доверба во институциите.Академијата ќе овозможи:-систематска обука и усовршување на административните службеници,-подобрување на квалитетот и ефикасноста на институциите,-градење професионална и компетентна администрација усогласена со европските – стандарди.Создавањето на ваков систем е клучен чекор кон модерна, транспарентна и одговорна јавна администрација која ќе биде во служба на граѓаните.

Пронајдете не на следниве мрежи: