Академскиот сликар Солаковски добитник на наградата за ликовно дело „Златен лист – Владимир Георгиевски“

Битолскиот академски сликар Димитар Солаковски е добитник на овогодинешната награда за ликовно дело „Златен лист – Владимир Георгиевски“, во чест на великанот на македонската ликовна уметност, Владимир Георгиевски.

Наградата секоја година ја доделува  Здружението Транзен, а годинава тоа ќе се случи на изложбата •Несовршен простор• која на 13 мај ќе биде отворена во ликовниот центар Магаза во Битола.

Во име на жирито на овогодинешната награда, сликарот Владимир Илиевски го напиша следното за делото на Димитар Солаковски:
“Делото „Детето на Белото море“ е една прилично смела, директна и специфичнo решена композиција, која истовремено носи тивка суптилна поетска приказна. Толку интимно, а сепак универзално, затоа што колку подлабоко патуваме низ привидните суштини на поединечните форми, гледаме дека на крај сите завршуваат во една суштина. Тука е прикажан моментот на вечноста. Запомнетото што избледува, а не се заборава.”

На годинешната изложба на темата „Траги во просторот“ учествуваат петнаесет уметници:
Димитар Солаковски, Илија Маџаров, Тони Попов, Александра Петрушевска Ристовска, Марија Трајаноска, Никола Пијанманов, Ване Костуранов, Љупка Галазка Василев, Славица Милева, Дејан Иванов Маргуш, Орце Нинески, Љубица Мешкова Солак, Ѓорги Динев, Горан Јованов и Верица Арапова.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.