Ако вака го полните телефонот, не е ни чудо што е постојано празен- ова е правилниот начин

Истражувања направени во компанијата Кадекс која произведува батерии покажала дека нашите паметни телефони се чувствителни на стресови кои сопствениците им ги приредуваат за време на полнењето, односно дека може да бидат погубни за животниот век.
Ако сакате батеријата на вашиот телефон да остане во добра состојба, мора да водите сметка за неколку работи.
Истражувања покажале дека полнењето на батериите во текот на ноќта, што многумина практикуваат, е лоша работа. Кога батеријата ќе се наполни 100 отсто, а и понатаму е вклучена на полнач, таа е под „висок стрес“.


Истражувачите од Кадекс имаат многу научни докази зашто таквото полнење е штетно за литиум-јонските батерии, а сите се сведуваат на едноставниот совет: „Кога мобилниот е во целост наполнет, од својот уред извадете го мобилниот. Тоа е како опуштање на мускулите после напорно вежбање“.
Уште подобро, тврдат истражувачите, ако батеријата не ја полните до крај, односно не ја полните 100 %. Советуваат тоа да го правите само кога морате, бидејќи кога батеријата е полна во целост, а уште е приклучена на полнач, тогаш е под висок напон.
Советот гласи: Приклучете го вашиот мобилен телефон да се наполни кога можете, затоа што бројни истражувања покажале дека така животниот век на батериите ќе е подолг. Добијте навика постепено телефонот да го ставате на полнач, а не само кога батеријата целосно ќе се испразни.
Топлината ја оштетува батеријата. Затоа вашите паметни телефони тргнете ги од топлина. Исто така, при полнење важно е да се отстрани заштитната маска, за да се ослободува топлината.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.