Ако ви здодеа греаното вино, пробајте греан џин!

Овој рецепт особено ќе им се допадне на љубителите на џин и тоник, но и на оние кои внимаваат на својата исхрана. Во овој греан џин нема шеќер, но сè е засладено со мед и супер зачини.
Ако ви здодеа греаното вино, пробајте греан џин!
Потребни состојки:
25 милилитри џин
200 милилитри сок од јаболко
лажичка мед, цимет, каранфилче, ѓумбир, анасон…
Начин на подоготвка:
Загрејте го сокот од јаболко со лажичка мед и додадете зачини. Кога зоврие, изгаснете го пламенот.
Истурете 25 милилитри од вашиот омилен џин во оваа мешавина.
Ако имате јаболко, исечете го на кругчиња и додадете неколку парчиња и послужете додека е жешко. Додадете лимон за украсување!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.