Ако ги забележите овие шест симптоми, треба да пиете повеќе вода

Водата е неопходна за речиси секоја телесна функција, од регулирање на температурата и транспорт на хранливи материи до отстранување на отпадот од телото. Иако дел од неа ја внесуваме преку храната, диететичарите ја нагласуваат важноста од дополнување со течности. „Сакам да препорачам осум чаши обична вода покрај она што го добиваме од храната за да го одржиме телото ефикасно да работи“, вели диететичарот Ким Шапира за Parade.Диететичарката Кристи Ли додава: „Во просек, околу 20 проценти од водата ја внесуваме преку храна, а остатокот треба да се надополни со пиење – околу девет чаши за жени и 13 за мажи.“ Значи, ако не внесуваме доволно, телото испраќа сигнали, а некои од нив не се очигледни.1. Зголемена желба за слаткиАко одеднаш имате необична желба за слатки, тоа може да биде знак дека сте дехидрирани. „Желбата за шеќер може да биде знак дека не пиете доволно вода, особено ако вообичаено немате желба за слатки“, вели регистрираниот диететичар Ешли Коф.2. Лошо расположение без причинаДехидрацијата може да влијае на вашето расположение. ,,Ако имате промени во расположението или чувствувате необјаснива раздразливост, обидете се да пиете вода и видете дали ќе се чувствувате подобро за неколку минути“, советува Шапира.3. Заматен вид и заборавеностСпоред нутриционистката и диететичарка Тара Шмит, дехидрацијата може да се манифестира преку „мозочна магла“, што е побавно размислување, тешкотии при концентрирање и заборавање на основни работи. ,,Ако не можете ни да се сетите кога последен пат сте пиеле вода, веројатно е време да го направите тоа сега“, вели таа.4. Замор и летаргијаАко се чувствувате исцрпено иако сте спиеле доволно, причината може да биде дехидрацијата. Донован и Шапира истакнуваат дека недостатокот на течности може да го забави телото и да нè натера да се движиме побавно од вообичаеното.5. ЗатворЕден од често занемарените знаци на дехидратација е запекот. „Ако имате проблеми со запек, проблемот може едноставно да биде тоа што не пиете доволно вода“, објаснува Шапира.6. Промени на кожата и лицетоДехидратацијата може да се појави и на вашата кожа. „Ако вашата кожа е сува, затегната или се лупи, а усните ви се испукани, на вашето тело веројатно му е потребна вода“, вели Донован.Како да знаете дали пиете доволно вода?Најлесниот начин да се утврди е да се погледне бојата на вашата урина. „Ако е бледо жолта или речиси безбојна, внесувате доволно вода“, вели Ли. Шмит се согласува: „Секоја потемна боја е знак дека ви требаат повеќе течности“. Коф предлага свој тест: „Пијте од 225 до 300 грама вода и внимавајте колку брзо треба да одите во тоалет. Ако тоа е во рок од два часа, веројатно треба да работите на подобра апсорпција на вода, а електролитите можат да помогнат“.

Пронајдете не на следниве мрежи: