Ако ги забележите овие 6 сигнали, мора да преземете нешто

Послушајте го вашето тело – ако забележите некој од овие знаци, мора да смените нешто
Вашето тело ќе ви даде знак ако нешто не е во ред. Меѓутоа многу често не ги слушаме добро или не ги разбираме сигналите. Ова се 6-те знаци дека нешто дефинитивно не е во ред со вашето тело…
1. Постојана желба за благо
Дали секој оброк би го замениле со табла чоколадо или кутија колачи? Тоа е знак дека вашето тело се навикнало на шеќерот и функционира само кога е полно со благо. Време е да го смените начинот на исхрана и да му ја дадете потребната енергија на вашето тело со помош на здрави производи.
2. Постојана желба за солена
Ако се занимавате со спорт или многу се потите, тогаш вам и ви треба повеќе сол. Имено, на вашето тело му треба сол за да функционира најдобро што може. Ако чувствувате потреба од сол, немојте да јадете солен чипс, туку изедете сардини од конзерва или кисели краставички.

3. Кожата ви е постојано сува
Освен што сувата кожа не изгледа убаво и многу нервира, по некое време може да биде и болна (ако се појават рани). Доколку постојано имате сува кожа, треба да го зголемите внесот на витамин Е преку исхраната. Јадете повеќе риба, јаткасти плодови и здрави масло. Не заборавајте да пиете многу вода.


4. Редовни грчеви и хронична ненаспаност
Грчевите во листовите се многу непријатни, а од долготрајните проблеми со спиењето може да се разболите. На вашето тело му треба магнезиум кој помага при напнатоста и грчевите во желудникот. Кога сме под голем стрес, телото го произведува хормонот кортизол поради кого трошиме повеќе магнезиум од вообичаено.
5. Крвавење на непцата
Ако ви крвави некој дел од телото, мора да го спречите крвавењето. Тоа важи и за усната празнина. Ако често ви крвават непцата, тоа не значи дека имате лоша хигиена, туку дека ви недостига витамин Ц.
6. Кршливи нокти и коса
Недостигот на витамин Б или калциум може да ги направи вашите нокти и коса кршливи. Би требало да консумирате повеќе млечни производи. Веганите би требало да јадат повеќе брокули, спанаќ, блитва или кељ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.