Ако купувате стан прочитајте го ова, за да знаете каде е најдобро

Купувањето на нов стан е една од најзначајните одлуки во животот, но дали сте се запрашале кои се основните карактеристики на еден просечен стан во Скопје? Средната големина на становите, бројот на собите, атрактивноста на локациите за градење, вредноста на станбениот квадрат и предностите на населбата во која се наоѓа станот се некои од најзначајните податоци кои можат да ви помогнат при купувањето на нов дом од соништата во македонската метропола.
Во поглед на големината на становите, инвеститорите во недвижности во изминативе пет години биле насочени првенствено кон изградба на двособни и трисобни станови. Просечната површина на еден македонски стан во 2015 година изнесувала 82,9 метри квадратни. На национално ниво, новите станови изградени од деловни субјекти се простирале во просек на 59,9 метри квадратни.
Без разлика дали е во прашање изградба на куќа или купување на стан, вложувањето во нови недвижности од овој вид е сконцентрирано во Скопскиот регион. Бројот на завршени станови само во текот на 2015 година изнесувал 2.840 станови, со вкупна површина од 184.407 метри квадратни. Ланската понуда и побарувачка на станбени површини во македонската метропола покажува идентични резултати. Апсолутен лидер во изградбата на нови станови е Општина Аеродром.
Втори на листата на атрактивност се становите во Општина Карпош. Статистичарите во 2015 година регистрирале изградба на 383 нови станови, со површина од 26.548 метри квадратни. Граѓаните покажуваат интерес за живеење таму најмногу поради мирната и спокојна средина која сепак е блиску до централното градско подрачје. Вреди да се спомене близината на Градскиот парк и бесплатниот јавен паркинг на територијата на целата општина.
Купувачите многу често се одлучуваат да го изберат својот нов дом во Општина Кисела Вода и од неколку други причини: бројот на градинки, основни и средни училишта е на солидно ниво, додека околината на станбените згради привлекува со мир и тишина.
На самиот крај, не смее да се заборави дека изборот на идно живеалиште во Скопје е прашање на вашите лични барања. Пред да се впуштите во потрага низ градот, на вас останува да си одговорите на прашањето дали под прозорецот од станот очекувате да има кафе-бар, дрвја или игралиште за деца. Вреди да се запамети дека обезбедувањето на животен простор е долгорочна инвестиција, за која е неопходно да се земат во предвид бројни информации. Се надеваме дека нашата весела математика со актуелни бројки за становите во метрополата ви помогна при изборот на живеалиште во кое ќе бидете задоволни и среќни од направената селекција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.