Ако нема цензус, веднаш се распишуваат нови избори

Ако нема излезност од 40 проценти во вториот круг не е исполнет условот за успешни избори. Во тој случај веднаш се распишуваат нови избори, односно претседателот на Собранието треба да распише нови избори. На тие избори може да учествуваат и кандидатите кои сега учествувале доколку бидат поддржани од своите поддржувачи, како што е сега случајот од група на избирачи или од најмалку 30 пратеници или можат да бидат други кандидати. Значи нема ограничувачки фактор во таа смисла, меѓутоа треба веднаш да се распишат и одржат изборите, изјави претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, во неделното интервју на “Радио Слободна Европа“.
Државната изборна комисија во изминатиот период ги презела сите организациски мерки потребни за организација и спроведување на овие претседателските избори, вели тој.
– Без разлика дали тие се или не се услов за добивање на датум за преговори со ЕУ, ние и онака како државен орган ги спроведуваме сите потребни мерки за да се организираат кристално чисти избори. Меѓутоа, тука морам да нагласам дека изборниот процес се содржи од повеќе чинители, значи не е само Државната изборна комисија. Да, ДИК е орган кој се грижи за организацијата, спроведувањето на изборниот процес, како еден од тие чинители, меѓутоа во случајот со претседателските избори имате ситуација во која на пример кандидатите, организаторите на кампањите кои исто така ќе треба да внимаваат на изборниот процес да биде фер, коректен, чист за да помине сè во најдобар ред на крајот – вели Дерковски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.