Ако патувате со авион, добро е да го знаете ова: Кои седишта се најбезбедни?

Авионскиот превоз се смета за еден од најсигурните, но несреќи сепак се случуваат, па место на кое седите и тоа како може да ги зголеми шансите да преживеете.
Магазинот „Time” направил детална анализа на 17 авионски несреќи во последните триесет години за да открие кои места се најсигурни во авион.
Изненадувачки, најсигурно место се покажал срeдниот ред во „опашката” на авионот.
-Средината на авионот низ историја се покажала како најфатален дел за патниците. Смртноста во предниот дел изнесува 44 посто во однос на задниот дел од авионот каде што таа е 28 посто, пишува „Time“.


При тоа, сигурни се сметаат и двата реда кои се најблизу до излезот во сличај на опасност, со обзир дека патниците на тие места имаат можност најбрз излез од авион.
Секако дека треба да се почитува протоколот за сигурност и да се врзете со сигурносните појаси.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.