Ако пиете вакво кафе, вие сте садист и психопат: Темните црти се дел од вашата душа

Едно истражување сугерира дека изборот на кафе може да открие повеќе за личноста отколку што мислиме.

Научниците од Универзитетот во Инсбрук ја испитувале врската помеѓу склоноста кон горчлив вкус и одредени црти на личноста.

Во студијата, испитаниците оцениле колку им се допаѓаат различните вкусови, особено горчливоста, а нивните одговори биле споредени со тестови што мерат особини како што се агресивност, манипулативност и недостаток на емпатија. Резултатите покажале дека луѓето кои уживаат во горчливи пијалоци и храна имаат поголема веројатност да покажат потемни црти на личноста.

Од друга страна, оние кои преферираат послатко кафе, со шеќер или млеко, почесто покажуваат топлина, сочувство и подготвеност за соработка. Сепак, авторите забележуваат дека истражувањето се базирало на самопријавување од страна на учесниците, што значи дека резултатите треба да се земат со резерва.
The post Ако пиете вакво кафе, вие сте садист и психопат: Темните црти се дел од вашата душа appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: