Пожарот кај Стенковец сè уште е активен, а скопските пожарникари се на терен и го гаснат, информира вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Како што соопшти, пред малку избувнале уште два пожари на отворен простор, на територијата на Кондово и на Ѓорче Петров.
Во текот на денот, низ главниот град се чувствуваше чад поради пожарот кај Рамно, во Општина Чучер Сандево, кој веќе два дена се прави обид да биде ставен под контрола. Силниот ветер, како што информира Ангелов околу пладне, дополнително ја влошил ситуацијата.
The post Активен пожарот кај Стенковец, избувнаа уште два кај Кондово и Ѓорче Петров appeared first on Во Центар.



