Активистки на Femen се соблекоа на плоштадот Свети Петар во Ватикан

Две активистки на украинското феминистичко движење Femen изведоа една од своите познати топлес акции во вторникот на плоштадот Свети Петар во Ватикан, соблекувајќи неколку минути по почетокот на конклавите за изборот на нов папа, пренесе агенцијата TMNews.

Според агенцијата двете активистки активирале притоа чадна петарда во црвена боја, со што алудираа на акцијата на некои женски здруженија коишто со пуштање розови чадови бараат поголема улога на жените во црквата.
Активистките на Femen брзо биле приведени и однесени на проверка на нивниот идентитет.
Речиси истовремено, откако без во вторникот попладне затворени портите на Сикстинската капела за изборот на новиот папа во кој учествуваат 115 кардинали, заговорничките на поголемата улога на жените во Римокатоличката црква на ридот над Ватикан испуштија розов чад.
Имитирајќи ги традиционални вести преку чадот од оџакот на Сикстинската капела – бел дека е избран новиот папа или црн дека гласањето не донело резултат, жените носеле розова облека и беџеви со пораката жените да бидат заредувани на црковните должности. Демонстрантките потсетуваа дека жените играат важна улога во Црквата, подучувајќи ги грижејќи се за младите католици, а исто така, и дека вршат огромен дел од мисионерската работа, но не им е дозволено да учествуваат во високите должности.
„Сегашниот клуб на старите момци ни остави Црква потклекната поради скандалите, злоставувањата, сексизмот и искористувањето”, вели Ерин Саиз Хана, директорка на Женската конференција за заредување, една од помалите групи собрани на ридот Јаникулум наспроти катедралата на Свети Петар, пренесува Reuters.
„Народот на Црквата очајнички бара водач кој ќе биде отворен а дијалог и ќе го прегрне дарот на женската мудрост на секое ниво од цровното урпавување”, додава Хана.
Ватикан е упорен дека жените нем може да се заредуваат за свештенички, бидејќи Исус Христос своеволно ги избрал мажите за свои апостоли. Заговорничките на заредување на жените тврдат дека Исус само ги следел обичаите на своето време.
Розовиот чад беше пуштен и во текот на изминатиот викенд и во Њу Орлеанс, а слични настани се планираат и во уште неколку градови во САД.
Некои кардинали кои учествуваат во конклавите говореа за потребата одново да се разгледа улогата на жената во Црквата и отворање на високите позиции за жените.
Макфакс
Две активистки на украинското феминистичко движење Femen изведоа една од своите познати топлес

Пронајдете не на следниве мрежи: