Во текот на изминатото деноноќие имало вкупно 21 пожар, од кои три се активни, еден пожар е под контрола, а 17 се изгаснати, информираше утрово Центарот за управување со кризи.
Активни пожари има во општина Велес, кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци, каде што гори мешана шума, во општина Македонски Брод, помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа каде што гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација и во општина Василево, село Нивичино каде што е запалена нискостеблеста шума и ниска вегетација.
Под контрола е пожарот во општина Дојран, односно селото Николич. ЦУК информира дека се изгаснати 17 пожари.



