Акцијата „Вардарис“ откри над 324 килограми марихуана во Солун, еден граѓанин од Македонија и еден од Косово во лисици

По грчката акција „Вардарис“, отворена е истрага и издадена е наредба за притвор за лице од Северна Македонија, осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана, која беше запленета во Солун, Грција, соопшти денес Јавното обвинителство на Република Македонија.

„На крајот на февруари оваа година, осомничениот обезбедил транспортно моторно возило, а на почетокот на март и приколка, по што веднаш го организирал наводниот транспорт на рециклирана пресувана хартија од Република Северна Македонија до Република Турција, преку Република Бугарија. По завршувањето на царинските формалности, на 8 март 2026 година, осомничениот со транспортното возило и приколката ја напуштил територијата на Македонија кон Република Бугарија. Меѓутоа, наместо да продолжи кон Република Турција, се упатил кон Република Грција, каде што го оставил возилото со приколката во затворен изнајмен простор во Солун“, објаснува Обвинителството.

Во соопштението се додава дека таму се сретнал со двајца од осомничените против кои се води постапка во Република Грција, од кои едниот бил недостапен за органите на прогонот, и се договориле за понатамошен транспорт на наркотиците, наводно откако биле скриени во товарот со рециклирана хартија.

„По обезбедувањето на наркотичните дроги, двајца од осомничените, заедно со сè уште непознати лица, во периодот од 11 до 14 август 2026 година ја сместиле марихуаната во претходно создадените простори во кесите од рециклирана хартија. На 14 август 2026 година, во рамките на акцијата „Вардарис“, полициски службеници во Република Грција лишиле од слобода двајца од осомничените и извршиле претрес и рација во изнајмениот простор. Таму била пронајдена приколката, чии регистарски таблички претходно биле отстранети. Горенаведената количина на наркотична дрога – марихуана била пронајдена во четири палети поставени на задниот дел од приколката и во четири други палети пред неа“, информира Обвинителството.

Потсетуваме дека во акцијата беше уапсен и еден косовски државјанин.

Акцијата беше спроведена како дел од повеќемесечна истрага и соработка меѓу властите на Македонија, Грција и Косово.
The post Акцијата „Вардарис“ откри над 324 килограми марихуана во Солун, еден граѓанин од Македонија и еден од Косово во лисици appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: