Акција на Финансиска и ОЈО ГОКК: Приведени и се апсат повеќе лица поради сомнежи за корупција

 

Како што информираат од Финансиската полиција, се вршат претреси на домови, деловни простории и лица на повеќе локации и акцијата не е завршена.
Man in handcuffs
Дел од медиумите, повикувајќи се на неофицијални информации, објавија дека меѓу приведените е и поранешен директор на Царинската управа и ексградоначалник на Општина Карпош од редовите на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) поради сомнежи за злоупотреби при спроведување постапки за јавни набавки
Повеќе лица се приведени под сомнежи за корупција во рамки на акција што денеска ја спроведува Управата за финансиска полиција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

Од Финансиската полиција информираат дека во текот на денешниот ден овластени службени лица, постапувајќи по наредби издадени од судија на претходна постапка и под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК, вршат претреси на домови, деловни простории и лица на повеќе локации.
Акцијата, како што се вели во соопштението, произлегува од предистражна постапка насочена кон откривање и документирање на повеќе кривични дела од областа на финансискиот криминал и корупцијата.
„Постојат основи на сомнение дека делата се извршени од службени и други лица што го искористиле своето влијание, општествена положба и углед со цел стекнување противправна имотна корист од големи размери“,велат од Финансиска.
Од ОЈО ГОКК потврдија дека во координација со Финансиската полиција се спроведува акција поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела од коруптивна природа.
Оттаму посочија дека акцијата е во тек и засега не можат да откријат повеќе детали.
Дел од медиумите, повикувајќи се на неофицијални информации, објавија дека меѓу приведените е и поранешен директор на Царинската управа и ексградоначалник на Општина Карпош од редовите на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) поради сомнежи за злоупотреби при спроведување постапки за јавни набавки.
Акција на финаниска полиција, претрес во домот на Стефан Богоев

Акцијата предизвика големо внимание во јавноста, особено поради фактот што станува збор за еден од поистакнатите политички кадри во земјата.
Доколку сомнежите бидат потврдени, ова би можело да прерасне во еден од позначајните антикорупциски случаи во последниот период.
Повеќе информации се очекуваат по официјалното обраќање на Финансиската полиција и Јавното обвинителство.

The post Акција на Финансиска и ОЈО ГОКК: Приведени и се апсат повеќе лица поради сомнежи за корупција appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: