Аларм во вселената: Астронаутите подготвени за итна евакуација! – причината засташувачка

НАСА соопшти дека астронаутите на Меѓународната вселенска станица се ставени во состојба на подготвеност за можна евакуација поради протекување на воздух во рускиот сегмент на станицата.

Според информациите, протекувањето е лоцирано во тунелот за пренос на сервисниот модул „Звезда“, каде што веќе подолг период се забележуваат технички проблеми. Поради безбедносни причини, на екипажот му било наложено привремено да се засолни во вселенскиот брод „Кру Драгон“, кој е прикачен на станицата и може да послужи како средство за евакуација доколку ситуацијата се влоши.

На станицата во моментот престојуваат двајца американски астронаути, еден француски астронаут и еден руски космонаут. Сите членови на екипажот носат вселенски одела како дополнителна мерка на претпазливост.

Портпаролката на НАСА, Бетани Стивенс, изјави дека руската вселенска агенција Роскосмос веќе спровела делумни поправки на пукнатината, но проблемот и понатаму внимателно се следи.

„Пукнатините отсекогаш биле прашање што НАСА го следи многу внимателно. Заедно со Роскосмос работиме на утврдување на причините и на долгорочно решение за проблемот“, изјави Стивенс.

Од НАСА нагласуваат дека засега нема непосредна опасност за екипажот, но сите процедури за евакуација се подготвени доколку дојде до поголемо губење на притисокот во станицата.

Инцидентот повторно го насочи вниманието кон техничката состојба на дел од модулите на Меѓународната вселенска станица, која веќе повеќе од две децении е во орбитата околу Земјата.

Пронајдете не на следниве мрежи: