Извори на Инфомакс алармираат за неправилности во Државниот просветен инспекторат. Според извори од Инспекторатот, директорот Алајбегу речиси и да не се појавува на работа, а работите во негово отсуство ги води помошник раководител на сектор.
– „Ј.Н има дипломирано како преведувач на албански јазик. Се поставува, според тоа, уште едно прашање. Како воопшто е избран во ДПИ? Да бидеме појасни, според образованието, сосема е јасно дека нема квалификации за задолженијата кои му се препуштени да ги спроведува во отсуство на директорот. А директорот не оди на работа“ – вели изворот кој сака да остане анонимен.
Според него инспектори кои никогаш не работеле во високото образование, туку само во основно и средно, сега работат во високото образование, со што се предизвикани низа на скандали.
– „Овие инспектори во времето на претходната влада и претходниот директор Халид Фератов (ДУИ) се поставени за надзор во високото образование без претходна обука. Во тоа време Јаневска реагираше јавно на пресови до Фератов дека и тој е несоодветна фигура за инспекторатот. Согласно на ова Јаневска требала веднаш по доаѓањето овие состојби да ги адресира. Наместо тоа е создаден опасен континуитет и конформирање со функциите кои несоодветно ги стекнале Т.И. и М.Н. Уште еднаш ќе прашаме за да бидат работите појасни: како овие инсктори од основно и средно образование вршат инспекции во високото? Зошто не се почитува систематизацијата?“ – вели изворот.
Постои уште една нејаснотија која треба да и се појасни на јавноста, велат нашите извори.
– „Како може Т.И кој е раководител на одделение во Кочани, да функциони целосно од Скопје? Како всушност се обавува функцијата на раководител за источниот регион? Дали воопшто е во фокусот регионот или се е препуштено на стихија? -посочуваат изворите.
Инфомакс дојде до систематизацијата, која покажува дека инспекторите се поделени по региони.


Инспекторите се задолжени и распоредени по региони.
За оваа ситуација испративме прашања и до Министерството за образование, од каде одговорија:
– Постои само еден вид на државен просветен инспектор и согласно законите за инспекциски надзор и за Државен просветен инспекторат, имаат надлежности за вршење инспекциски надзори во сите образовни установи кои се дел од националниот образовен систем.
Директорот на Државниот просветен инспекторат присуствува на колегиуми и постојано го информира министерството за тековните активности на институцијата со која раководи. За евентуално отсуство на конкретен датум, можете да се обратите директно до ДПИ, стои во одговорот од МОН.
Според изворите од Инспекторатот, премиерот Мицкоски не е запознаен со сотуацијата во Просветниот инспекторат.



