среда, 11 ноември 2026
Најново

АЛАРМ НА ЗАПАД | Кина е на чекор од испорачување на дронови и муниција на Русија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американските разузнавачи сугерираат дека Пекинг размислува да и обезбеди на Москва беспилотни летала и муниција за употреба во војната во Украина, изјавија за Си-Ен-Ен три извори запознаени со разузнавањето.

АЛАРМ НА ЗАПАД | Кина е на чекор од испорачување на дронови и муниција на Русија

Веројатно Пекинг се уште нема донесено конечна одлука за ова, но преговорите меѓу Русија и Кина за цената и обемот на испорака се во тек, според овие извори, според американската телевизија.

Според изворите, Русија од почетокот на војната постојано барала беспилотни летала и муниција од Пекинг, а кинеското раководство во последните неколку месеци активно дебатирало дали да испрати или не таков вид помош.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Американските власти во последните недели собраа информации кои сугерираат дека Кина се движи кон одлука да испорача воена опрема на Русија, според Си-Ен-Ен.

САД и нивните сојузници почнаа јавно да предупредуваат за потенцијалната кинеска воена поддршка за Русија минатата недела, во обид да го одвратат Пекинг од таков чекор, изјавија американски официјални лица.

Според изворите, обезбедувањето беспилотни летала и муниција, најверојатно за мало оружје, како што е пешадиското оружје, наместо артилерија, би било значаен напредок во поддршката на Кина за Русија, која до денес е во голема мера ограничена на компании кои обезбедуваат не- смртоносна воена помош, како што се шлемови, панцирни елеци или сателитски снимки.

Германскиот магазин „Шпигел“ во четвртокот прв објави, без да наведе извори, дека Русија е во преговори со кинески производител за купување на 100 дронови, кои би биле испорачани во април.

Поврзани вести