Што се случува со Килијан Мбапе?

Ќе може ли да игра најдобриот француски фудбалер?!

Најдобриот француски фудбалер Килијан Мбапе го пропушти тренингот на тимот во вторникот, објавија медиумите во неговата земја и во Англија. Репрезентативците соопштија дека тој „во затворен простор се опоравува од мечот со Полска“, а на Островот посветија многу внимание на ова, бидејќи Англија и „триколорите“ во сабота сигурно ќе одиграат спектакуларно четвртфинале.

Она што фрла сомнеж во извештаите од француската репрезентација дека тоа е само опоравување е фактот што сите други играчи кои играа против Полска беа на теренот – вклучувајќи го и напаѓачот Оливие Жиру.

Во пресрет на Мундијалот, Мбапе се пожали на повреда на зглобот, но со оглед на тоа колку маестрално одигра – се чини дека на турнирот во Катар не почувствувал некои поголеми физички проблеми. Така што тешко дека некој помал проблем ќе го спречи да игра со полн интензитет против Англија викендов. Ќе биде спектакуларен натпревар и тој има доволно време да го чека целосно подготвен.

Цел свет во сабота ќе ги следи дуелите на Мбапе против англискиот ветеран Кајл Вокер, во кои ѕвездата на Манчестер Сити ќе влезе мотивиран да направи уште еден чекор кон својата втора светска титула.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.