АЛБАНИЈА ПОВТОРНО ГЛАВНА ТЕМА ВО БРИТАНСКИТЕ МЕДИУМИ – Тирана предлага “нелегален мигрант“ за амбасадор во Лондон !?

Новоименуваниот амбасадор на Албанија во Велика Британија, Уран Феризи, илегално влегол во Велика Британија од заден дел на камион во 1998 година, поднесувајќи лажно барање за азил тврдејќи дека е од Косово и Метохија и бегајќи од војната. Во таа прилика дал лажни лични податоци, како датумот на раѓање, пишува Daily Mail.

Уран Феризи минатата недела и покрај резервираноста на Министерството за внатрешни работи и официјално беше примен од Министерството за надворешни работи на Дејвид Камерон за амбасадор на Албанија во Велика Британија, а сега и формално ќе биде именуван од кралот Чарлс III во Бакингемската палата.

Но, синоќа поранешната албанска министерка за надворешни работи Едит Харџи изјави дека не е дипломатски, морално или етички коректно некој кој илегално влегол во Велика Британија да биде именуван за амбасадор.

Едит Харџи, инаку член на Демократската партија на Косово, изјави дека амбасадорската работа во Лондон е најважна и најпрестижна после Вашингтон, а Уран Феризи нема искуство во дипломатската служба.

Да биде иронијата уште поголема, Daily Mail пишува дека новиот амбасадор треба да биде врската меѓу владите на Албанија и Велика Британија во борбата против илегалната миграција.

Во изминатите десет години, илјадници Албанци илегално влегоа во Велика Британија, со камиони и со мали чамци преку Ла Манш.

Според Daily Mail, повеќе извори потврдиле дека Уран Феризи во Велика Британија допатувал како илегален мигрант – без никакви документи за идентификација. Кога дошол во Довер, лажно тврдел дека бега од војната на Косово и Метохија. Нему му било дозволено да остане во земјата додека се разгледува неговиот случај.

Јавните податоци покажуваат дека тој се оженил со Британка по име Сара Ленон во Хамерсмит, западен Лондон, во мај 2000 година. Врз основа на овој брак, три години подоцна му била дадена дозвола да остане во Велика Британија на неодредено време.

Иако никогаш не работел во дипломатската служба, албанската Влада во јуни го предложила за престижната функција амбасадор. Изворите тврдат дека тој има блиски односи со социјалистичкото раководство на земјата.

Според неговата он-лајн биографија, Уран Феризи е математичар и информатичар. Студирал на Универзитетот „Оксфорд“ во Лондон. Тој бил финансиски аналитичар во J.P. Morgan во Лондон помеѓу 2006 и 2008 година, пред да се пресели во САД за да работи како истражувачки научник на Универзитетот во Њујорк и Универзитетот „Стенфорд“ во Калифорнија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.