Албанија трета ќе го ратификува протоколот за членство на Македонија во НАТО

По Грција и Словенија Албанија ќе биде трета земја-членка на НАТО која ќе го ратификува протоколот за членство на Македонија во НАТО. Албанското собрание утре ќе го ратификува протоколот, а на седницата ќе присуствува претседателот на Собранието, Талат Џафери.
– Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, ќе отпатува на работна посета во Република Албанија каде што ќе присуствува на пленарната седница на Собранието на Република Албанија, закажана за 14 февруари и на која ќе се ратификува протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО- соопшти собраниската прес-служба.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.