Воениот сојуз на Албанија, Хрватска и Косово ќе одржат мултинационални или НАТО вежби во различни области, вклучувајќи кибернетика и пребарување и спасување, а планот за нивно одржување се очекува да биде финализиран во септември.
Според хрватското Министерство за одбрана, воениот сојуз меѓу Албанија, Хрватска и Косово има за цел „да ја зголеми интероперабилноста на страните во мултинационални или НАТО вежби во различни области“.
Додадено е дека формите на учество ќе бидат утврдени по заеднички разговори со експерти, пишува Коха. Албанија, Хрватска и Косово потпишаа меморандум за соработка во областа на одбраната и безбедноста на 18 март во Тирана. Меморандумот остава можност за приклучување на други земји, а медиумите објавија дека веќе е испратена покана до Бугарија.



