Албанскиот систем не можел подолго да ги чува снимките со Груевски

На дебатата на Законот за СЈО во МАНУ државниот обвинител Љубомир Јовески објасни дека меѓународната помош е сложена операција која се остварува под посебни услови и дека нашето Обвинителство направило сè по процедура, но дека резултатот е тој.
На новинарско прашање Јовески одговори дека снимките од безбедносните камери од бегството на осудениот Никола Груевски од Албанија не се обезбедени, и оваа држава не постапила по барањето за меѓународна правна помош од безбедносните служби.
“Има неколку образложенија од албанската страна, но основно е дека имало голем број снимени материјали на камерите и дека тој нивни систем не можел подолго да ги чува“, рече Јовески.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.