Алегри: Сантиметри не делеа од четврт финалето

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, по елиминацијата на неговиот тим во осмина финалето, во Лигата на шампиони, истакнал дека „сантиметри го делеле Милан од пласман во следната рунда“.

Тој дополнил дека на располагање има млад тим кој многу ќе научи од поразот во Барселона со 0:4. „Барселона одигра исклучително добро, особено во првите 30 минути. Но и покрај притисокот тие не создадоа многу гол шанси. Секако, сантиметри го решија прашањето на четврт финалистот. Нијанг не искористи шанса, а Меси во следниот напад ни даде гол“, рекол Алегри. Тренерот на Милан напоменал дека поразот е разочарувачки за клубот, играчите и навивачите. „Беше тешко да се игра против Барселона, но имавме сè отворено, при резултатот 0:3 имавме можности кои моравме подобро да ги реализираме. Овој тим мора да расте, имавме пет фудбалери кои прв пат играат во Лигата на шампиони. Ова секако е добра лекција од која може многу да се научи“, изјавил Алегри.Капитенот на Милан, Масимо Амброзини, признал дека неговиот тим не бил дораснат на предизвикот. „Ова е крај на еден сон. Бевме лоши од самиот почеток, ова не беше играта која ни беше потребна. Сепак ова е искуство од кое можеме многу да научиме. Се надевам дека за во иднина ќе ги извлечеме позитивните работи од овој пораз“, рекол Амброзини.
Макфакс
Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, по елиминацијата на неговиот тим во осмина финалето, в

Пронајдете не на следниве мрежи: