Александар Вучиќ: Ќе умрам, но нема да се откажам од Србите! Албин Курти: Тоа се насилници! На Косово се креваат нови барикади

Станува збор за барикади на луѓе во темни униформи, луѓе кои се ќелави, со бради, кои го имитираат Дража Михаиловиќ. Вагнерови барикади. Имаат пиштоли и поставуваат барикади за да не минуваат возила, изјави косовскиот премиер.

Ќе ги преземам сите мерки за заштита на српскиот народ. Даваме се од себе за да ги зачуваме мирот и стабилноста. За жал, тие не сакаа да не слушнат или не беа премногу заинтересирани да не слушнат. Ние сме во тешка ситуација, но ќе дадеме се од себе и ќе се грижиме на секој начин како да ги зачуваме мирот и стабилноста и не само тоа, како да го заштитиме нашиот народ на северот на Косово и Метохија. Прво ќе умрам, но нема да се откажам од српскиот народ, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ среде најголемата криза на Косово.

Имено, од вчера вечерта сите единици на војската на Србија и на МВР се во состојба на целосна борбена готовност поради кризата на Косово и намерата на Приштина насилно да ги отстрани барикадите на северот, соопштија министрите за Одбрана и внатрешни работи.

  • Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како врховен командант на вооружените сили, синоќа нареди српските вооружени сили да бидат на највисоко ниво на подготвеност, до степен на употреба на вооружена сила, – најави министерот за Одбрана Милош Вучевиќ.

Претходно, министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ во куса писмена изјава кажува дека „согласно наредбата на претседателот на Републиката“ наредил „целосна борбена готовност на сите единици на МУП, Жандармерија, Специјалниот анти- Терористичките единици (САЈ) и Полициската бригада“ и дека „веднаш ги ставиле под команда на началникот на Генералштабот и ги зазеле позициите предвидени со оперативниот план“.

Претходно борбената готовност на Војската на Србија беше подигната на 2 ноември годинава поради беспилотните летала кои од Косово влегоа во Србија. Нивото на борбена готовност на српските вооружени сили беше подигнато и во септември 2021 година, кога истече рокот за пререгистрација на возилата со српски регистарски таблички на Косово.

Вучиќ, исто така, нареди целосна борбена готовност на единиците на српската армија во мај 2019 година, кога косовската полиција на северот на Косово уапси 19 полицајци, од кои 11 беа од српска националност, поради корупција.

Српската армија превентивно ја зголеми борбената готовност на почетокот на август 2018 година поради, како што тогаш најави армијата, „настаните предизвикани од едностраните потези на Приштина“.

Повеќемесечните тензии во Косово ескалираа во изминатите две недели откако косовската полиција (КП) уапси поранешен полицаец под сомнение за „нарушување на уставниот поредок“, што ги поттикна локалните Срби да возвратат со поставување барикади, барајќи негово ослободување.

Пронајдете не на следниве мрежи: