Александар Јовановски назначен за нов директор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје

Александар Јовановски е назначен за нов директор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје, додека доаѓа од Градот Скопје како инспектор во Секторот за инспекторат, а има и претходно искуство во Секторот за локален економски развој.

Од кабинетот на претседателката Данела Арсовска велат дека Александар има долгогодишно искуство во приватниот сектор во трговијата како раководител на организациска единица, а со работна посветеност во Здружението за заштита и унапредување на животната средина, работел на имплементација на еколошки и општествено одговорни проекти.

„Јовановски има високо образование по менаџмент на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, а се стекнал и со меѓународен сертификат за институционален пристап кон заштитата на животната средина. Со своето образование, професионално искуство и ангажман во јавниот и приватниот сектор, Јовановски ќе придонесе за подобрување на стандардите на јавните претпријатија, модернизација на системите за управување со отпад и одржување на чиста, здрава и еколошки одговорна животна средина во градот Скопјe“, се вели во соопштението.

The post Александар Јовановски назначен за нов директор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: