Александра Хеџи од Нови Сад го наполнила резервоарот, па го оставила автомобилот со клучевите среде улица – поради револт.
Таа, всушност, својот автомобил “fiat 500”, го оставила среде улица, со отворени врати и багажник, а клучевите ги оставила во автомобилот.
На соседите им порача да прават што сакаат со автомобилот.
„Драги соседи … еве ви го мојот Фичко па правете со него што сакате …ги дупнавте гумите двапати, ги кршевте брисачите, ги симнувавте регистарските таблички, го шкртавте со црн спреј , го гребевте со клучеви … ова утро пајакот ми го собра миленикот, па дури и општинскиот инспектор излезе на терен да ми напише прекршочна пријава, а имам годишен паркинг билет … за жал не можам да и пријдам на зградата и паркингот во дворот, бидејќи работите според планот траат само 180 дена … БРАВО за тоа … клучевите се во автомобилот, резервоарот е полн … па уживајте!!! Ве сака вашата комшивка од Толстоева“.



