Александра Накова доби венчален прстен за својот роденден

Македонската старлета, Александра Накова која денес го слави својот роденден доби уникатен подарок.
Имено таа на својот Инстаграм профил објави фотографија на која се гледа прстен кој наликува на венчален.
Накова беше во брак со познатиот македонски кошаркар Никола Гајдаџиев од кого неодамна се разведе.


Имено, Накова изминатиов период ја брануваше македонската јавност со нејзиното приведување од страна на полицијата бидејќи старлетата не ја почитувала наредбата за самоизолација.
Но, Накова овие информации ги демантираше, а за скоро време по втор пат ќе го каже судбоносното ДА.
Останува уште само една работа, старлетата да го открие своето момче.
Нека им е со среќа!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.