Александра не мирува ниту во шестиот месец од бременоста

Александра Пријовиќ, снаата на Лепа Брена ужива во својата бременост и поради таа причина пејачката се повлече од јавната сцена.
Имено, пред одреден период таа ги откажа сите свои настапи и заедно со својот сопруг Филип Живојиновиќ го очекуваат своето прво дете кое треба да се роди во март.
Александра откри дека носи момче кое ќе се вика Александар.

 

View this post on Instagram

 

Krcka se nesto novo…jedva cekam! ??❤️

A post shared by Aleksandra Zivojinovic (@aleksandra__official) on


Пријовиќ долго време не се појавува во медиумите и на социјалните мрежи не објавува фотографии.
Но, ако мислите дека Пријовиќ мирува грешите. И во својата поодминета бременоста таа подготвува нов албум за своите фанови.
Александра на својот „Инстаграм“ објави фотографии со објаснување дека подготвува нешто ново.
Иако на фотографијата не се гледа нејзиниот труднички стомак, се гледа дека пејачката ја променила фризурата и изгледа задоволно и среќно.
Нејзините фанови едвај чекаат да видат што им подготви таа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.