Александра Пријовиќ бремена: Лепа Брена пресреќна, свекорот дознал од медиумите

Српката пејачка Александра Пријовиќ, односно Живојиновиќ, е во вториот месец од бременоста, пишуваат српските медиуми.
На 21 јуни таа се омажи со Филип Живојиновиќ, а пред три недели ја дознале среќната вест, но информацијата ја криеле дури и од најблиските.
Потврда за бременоста на Александра, која неодамна со сопругот уживаше во Црна Гора, српските медиуми добиле од добро информиран извор од домот на Брена, но и од самата пејачка.

– Сите сме многу среќни, кусо изјавила Брена за спрски „Блиц“.
Дека веста била строго чувана, потврдува и фактот дека идниот дедо, таткото на Филип, Боба среќната вест ја дознал од медиумите кои му се јавиле за коментар.
-Воопшто не сум известен за тоа. Ја немам таа информација. Еве штотуку дознав и тоа од вас, одговорил збунето поранешниот тенисер.
Александра пред извесно време изјави дека е подготвена да се оствари во улогата на мајка, како и дека едвај чекаат со сопругот Филип да станат родители.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.