Александра Пријовиќ и Боба Живојиновиќ останаа без зборови: Ленче од Струмуца „растури“ во „Никогаш не е доцна“

Неодамна започна новата сезона на регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“, каде што повозрасни кандидати ќе имаат прилика да го покажат својот талент за музика.

Во втората емисија, настапуваше и 42- годишната македонска фолк пејачка Ленче Кукиќ од Струмица.
Ленче се претстави со песната „Катарино, момо“, а жирито беше воодушевено од нејзиниот настап и нејзината интерпретација.

„Браво, секоја чест“, изјави Боба Живојиновиќ кој беше дел од жирито, а на него се надоврза и Александра Пријовиќ која остана без зборови:
„Не знам, мене рацете ми се мокри. Ја гледам цело време и не можам да верувам дека некој во 2 секунди може да ми го промени расположението. Не знам дали да плачам, се наежив. Не знам што да кажам, еве стварно не знам што да кажам, изјави Александра Пријовиќ
И жирито и публиката беа воодушевени од настапот на македонската фолкерка. Инаки, сопругот на Ленче, Горан пред три години победи во ова регионално музичко шоу, а дали и Ленче ќе биде победник, допрва ќе видиме.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.