Алексеј ладнокрвно убиен пред својата ќерка! Девојчето гледаше како татко ѝ умира: Еве што му претходеше на крвавиот пир (фото)

Алексеј Х. (45) живеел во германскиот град Фреденбек во Долна Саксонија со своите три деца и немал поим дека неговиот најдобар пријател дотогаш толку ладнокрвно ќе го убие на прагот од семејната куќа.На кобниот 5 април се случи незамислива трагедија кога Гарик П.(41), по потекло од Украина, го убил својот долгогодишен пријател пред очите на својата 13-годишна ќерка.Околу 13 часот и 30 минути Гарик се појавил на вратата од станот на Алексеј и ја замолил ќерката да го викне нејзиниот татко. Откако човекот се симнал, Гарик го избодел со нож.На страшниот настан посведочила девојка која на полицијата и’ кажала дека слушнала тап тресок и го видела својот татко во локви крв.Таткото починал пред да пристигнат спасувачите на местото на настанот, а напаѓачот со нож во раката се обидел да побегне, но се предал на 400 метри.Неофицијалните информации, според германски Билд, се дека Гарик П. се сомневал дека неговата сопруга Марија С.(36) го изневерува со еден од неговите блиски пријатели и дека поради тоа го убил Алексеј.Нивниот брак по многуте расправии бил пред развод, а сето тоа кулминирало кога 41-годишниот маж неколку пати ја удрил сопругата, велат од полицијата.Окружниот суд во Стаде издал наредба за ограничување во согласност со Законот за заштита од насилство.Конфликтот на Гарик и Марија дојде до израз на 22 март, само две недели пред да го убие својот пријател, кога со својот автомобил Голф удрил во куќата на сопругата и влетал до дневната соба.За среќа, Марија и нивните две деца останале неповредени.

Пронајдете не на следниве мрежи: