четврток, 12 ноември 2026
Најново

Алиу им порача на скопјани да не излегуваат од дома ако немаат потреба, но аерозагадувањето не било на опасно ниво

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерот за здравство Азир Алиу им препорача на скопјани да не се движат на отворен простор ако немаат потреба. Тој ова го кажа одговарајќи на новинарски прашања поврзани со загадувањето на воздухот предизвикано од пожарот на скопската депонија „Дрисла“, но и на традиционалното аерозагадување присутно во зимските месеци од годината, кое е штетно по здравјето на граѓаните.

Сепак, како што рече Алиу, и покрај непријатниот мирис кој се чувствува во воздухот, анализите на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) покажале дека аерозагадувањето не е на ниво што би предизвикало здравствени проблеми кај граѓаните.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Мирисот којшто се чувствува е непријатен, но ве уверувам дека воздухот во моментов не е на ниво на загаденост којшто предизвикува здравствени проблеми кај граѓаните. Сепак, препорачувам граѓаните да не се движат надвор ако тоа не е неопходно“,изјави министерот за здравство одговарајќи на новинарски прашања.

И покрај тоа што скопјани, особено оние кои живеат во источниот дел од градот, се жалат дека секојдневно се чувствува загадувањето на воздухот по опожарувањето на „Дрисла“ и депонијата Вардариште, премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека иако визуелно изгледа дека воздухот во Скопје е загаден, испитуваните параметри на штетни честички не се алармантни.

Поврзани вести